25 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈувентус ги започнува преговорите за Тевез

Јувентус ги започнува преговорите за Тевез

Carlos-Tevez

Јувентус се интересира за аргентинскиот репрезентативец Карлос Тевез. По тој повод претставници на „старата дама“ ќе се состанат со агентот на напаѓачот во Милано. Според италијанските медиуми агентот Адријан Роуко веќе се наоѓа во Милано, каде што подоцна денеска ќе се сретне со луѓето на Јуве.

Напаѓачот влегува во концептот за новата сезона на тренерот на „бјанконерите“, Антонио Конте. Во тектот налетото во Јуве ќе пристигне шпанскиот голгетер Фернандо Лјоренте, но сепак Конте сака да го засили уште повеќе нападот на тимот, за да може тој да се бори за шампионските титули не само во Серија “А”.

Засега проблемот за евентуалниот трансфер на Тевез е многу висока плата, која фудбалерот ја зема во Манчестер Сити, околу 10 милиони евра. Инаку се очекува дека во следните неколку дена Италијанскиот гигант да ги започне преговорите за трансфер на Гонзало Игуаин од Реал Мадрид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП