26 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХеројот на Египет се вика Салах (видео)

Херојот на Египет се вика Салах (видео)

Египет на коло до крајот на квалификациите во Африка избори пласман на Светското првенство во Русија. Египет прв пат по 1990 година се пласира на завршната смотра на светскиот фудбал.

Мохамед Салах беше херојот на Египет. Напаѓачот на Ливерпул ги постигна двата гола за својата репрезентација. Првиот во 63 минута, потоа Конго израмни со голот на Моуту во 87 минута, а конечните 2.1 ги постави Салах од пенал во последната минута.

Во пресрет на последното коло Египет има недостижни четири бода предност во однос на Уганда.

Салах му овоможи на неуништивиот голман на Египет наредното лето во Русија со 45 години и шест месеци да стане највозрасниот фудбалер во историјата на светските првенства.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП