28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнгеловски: Нема да го потцениме Лихтенштајн

Ангеловски: Нема да го потцениме Лихтенштајн

Македонската фудбалска репрезентација денес против Лихтенштајн ги затвора квалификациите за СП во Русија 2018 година. Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски и репрезентативецот Стефан Ристовски на официјалната прес-конференција изјавија дека Македонија е фаворит на дуелот и доколку пристапот биде правилен очекуваат победа.

„Очекувам фудбалерите да имаат пристап и да влезат во натпреварот како и на изминатите натпревари од квалификациите. Секогаш велам дека не е важно кој е на спротивната страна, туку како ќе го одиграме натпреварот. Не потценуваме, но ниту преценуваме било кого. Барам да бидеме рамноправен тим против секого, без разлика на противникот во оваа група. Пред нас е меч со противник кого го победивме на нивен терен и не бегаме од фаворитската улога. Ќе барам од моите фудбалери максимално да настапат за да го добиеме овој натпревар“, изјави Ангеловски.

Селекторот најави дека промена во формацијата бидејќи нема да може да смета на Спировски кој има парни жолти картони и Велковски кој се повреди во петокот против Италија.

Победа за идеален крај на квалификациите посакува и Стефан Ристовски, кој се согласува со констатацијата дека Македонија е фаворит на овој дуел.

„Подготвени сме да покажеме дека сме фаворити. Не треба да ги потцениме, тие играат за својата држава, исто како и нас. Подготвени сме да го покажеме својот квалитет и да покажеме дека бодовите покажуваат едно, а играта друго. Сакаме да победиме и да покажеме дека ни следи светла фудбалска иднина“, изјави Ристовски.

Дуелот Македонија-Лихтенштајн ќе се одигра на стадионот „Младост“ во Струмица со почеток во 20:45 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП