9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗверев се квалификува на АТП-финалето

Зверев се квалификува на АТП-финалето

Германскиот тенисер Александер Зверев и официјално се квалификува за прв настап на АТП-финалето, елитниот турнир за најдобрите осум тенисери во една календарска година.

20-годишниот Зверев ќе биде најмладиот тенисер што учествувал на турнирот по Хуан Мартин дел Потро во 2008 година, една година откако турнирот се пресели во „О2 арената“ во Лондон.

Зверев имаше фантастична сезона во која освои две титули – мастерс-турнирите во Рим и Монтреал за да се искачи на 4. место на АТП-листата. Тој им се приклучува на доминантните Рафаел Надал и Роџер Федерер, кои веќе имаа обезбедно пласман на турнирот кој почнува на 12 ноември.

„Голема чест е да се игра во ‘О2 арената’ со најдобирте на светот. Знам дека атмосферата ќе биде фантастична и ќе бидам подготвен за голем турнир“, изјави Зверев.

Германецот исто така се квалификува и за првото финале „Некст џен“ во Милано, каде што ќе играат најдобрите тенисери под 21 година. Тој добива право да го прескокне тој турнир.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП