ИНТЕРЕСНО

Гонзалес го објави составот за ЕХФ неделата

Македонскиот селектор Раул Гонзалес го објави списокот на ракометарите кои ќе присуствуваат на првиот собир на репрезентацијата за ЕХФ неделата.

В понеделник, на 23 октомври, во хотелот „Александар Палас“ се повикани 21 ракометари, а меѓу повратниците во составот е играчот на Бешикташ, Немања Прибак.

ЕХФ неделата ќе се искористи за формирање на тактиката на тимот, но и за старт на подготовките за Европското првенство во Хрватска во јануари.

СОСТАВ НА МАКЕДОНСКА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски, Златко Даскаловски, Јане Цветковски

Крила: Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски

Бекови: Филип Талески, Филип Кузмановски, Марко Нелоски, Филип Лазаров, Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Филип Миркуловски, Немања Прибак

Пикери: Стојанче Стоилов, Никола Маркоски, Жарко Пешевски

Дефанзивци: Велко Маркоски, Аце Јоноски.