7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА: МВП на второто коло е Вил Чери (видео)

АБА: МВП на второто коло е Вил Чери (видео)

Вил Чери од Цедевита е прогласен за МВП на второто коло во регионалната кошаркарска АБА лига.

Организаторот на играта на Цедевита го предводеше својот тим до победата во Задар, над истоимениот тим, 92:76.

Чери, поранешен играч на Жалгирис, натпреварот го заврши со 17 поени, осум скокови, седум асистенции и две украдени топки, што му донесе 27 индексни поени.

Најдобри стрелци во второто коло беа Тејлор Рочести од Црвена звезда и Џордан Морган од Олимпија кои постигнаа по 26 поени.

Филип Човиќ во победата на ФМП над МЗТ Скопје (100:72) имаше 12 асистенции, најмногу во ова коло, додека Дилан Енис и Ден Оливер имаа по четири украдени топки.

Инаку, најголем индекс 39, во оваа рунда имаше центарот на Олимпија Морган, но неговиот тим загуби од Цибона во Загреб (96:85),а зад него со индекс 33 е Морган Енис од Мега Бемакс, чии тим беше поразен од Црвена звезда (90:80).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП