27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНејмар побарал Кавани да замине од ПСЖ

Нејмар побарал Кавани да замине од ПСЖ

Најскапиот светски фудбалер Нејмар побарал од раководството во ПСЖ да пристигне Алексис Санчез, а клубот да го напушти Единсон Кавани, пишува „Ле Паризиен“.

Нејмар и Кавани имаа недоразбирање околу улогата во тимот и изведувањето на пеналите и слободните удари. Бразилецот смета дека тој треба да биде задолжен за пеналите и слободните удари, додека Кавани смета дека како староседелец во тимот тој треба да ја има таа улога.

Иако по мечот со Лион, кога на теренот се испокараа кој да го изведе пеналот, се чинеше дека ги закопаа „воените секири“, весникот пренесува дека Нејмар го повикал својот пријател Алексис Санчез во јануари да му се придружи во ПСЖ.

Според истиот извор тој побарал од раководството веднаш да го договорат трансферот.

За да избегне казна од УЕФА, поради кршење на финансискиот фер плеј, ПСЖ мора да заработи пари со продажбата на Кавани, Дракслер, а веројатно и на Ди Марија, Моура и Пасторе.

Нејмар во летниот преоден рок пристигна во Париз за рекордна сума од 222 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП