3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнглија и Германија веќе се на СП, удар за Црна Гора (видео)

Англија и Германија веќе се на СП, удар за Црна Гора (видео)

Фудбалските велесили Германија и Англија се пласираа на Светското првенство во Русија следната година по претпоследното коло во нивните квалификациски групи.

Светските шампиони Германците стигнаа до лесна гостинска победа од 3:1 над Северна Ирска, за да го обезбедат првото место во групата Ц, но и домаќините имаат причини за славје, бидејќи го имаат сигурно второто место во групата, со што одат во бараж-натпреварите. Себастијан Руди ја најави победата со гол уште во втората минута од натпреварот, додека Сандро Вагнер во 21. минута зголеми на 0:2, за клуч на мечот да постави Џошуа Кимих со гол во 86. минута.

Англичаните пак, со 1:0 ја совладаа Словенија благодарение на голот на капитенот Хери Кејн во 90-тата минута, што беше доволно да го осигураат првото место во групата Ф. Додека Англија е сигурен патник за Русија, во оваа група исклучително интересно ќе биде последното коло во кое три репрезентации (Словачка, Словенија и Шкотска) имаат шанси за второто место.

Шкотска, која стигна до драматична победа од 1:0 над Словачка, сепак е најблиску, меѓутоа ќе им биде потребен барем еден еден поен на гостувањето во Словенија во последното коло.

Црна Гора пропушти речиси сигурен бараж, откако на домашен терен загуби со 0:1 од Данска, благодарение на фантастичниот гол на Кристијан Ериксен во 16. минута. Полска е прва во групата Ф со 22 поени по импресивните 6:1 на гости во Ерменија, Данците имаат 19 поени, а Црногорците 16. Во последното коло Црна Гора гостува кај Полска, додека Данците ја пречекуваат отпишаната Романија.

ГРУПА Ц

Азербејџан – Чешка Р. 1:2

С.Ирска – Германија 1:3

Сан Марино – Норвешка 0:8

Табела: 1.Германија 27, 2.С.Ирска 19, 3.Чешка Р. 12, 4.Норвешка 10, 5.Азербејџан 10, 6.Сан Марино 0

ГРУПА Е

Ерменија – Полска 1:6

Црна Гора – Данска 0:1

Романија – Казахстан 3:1

Табела: 1.Полска 22, 2.Данска 19, 3.Црна Гора 16, 4.Романија 12, 5.Ерменија 6, 6.Казахстан 2

ГРУПА Ф

Англија – Словенија 1:0

Малта – Литванија 1:1

Шкотска – Словачка 1:0

Табела: 1.Англија 23, 2.Шкотска 17, 3.Словачка 15, 4.Словенија 14, 5.Литванија 6, 6.Малта 1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП