10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНово четврт-финале за Надал

Ново четврт-финале за Надал

Рафаел Надал повторно им прати предупредување на своите ривали откако 16-кратниот гренд слем шампион лесно влезе во четврт-финалето на Кинескиот опен во Пекинг. На првиот турнир по третата победа на УС опен, светскиот рекет број 1 го совлада младиот Русин Карен Хачанов со 6:3/6:3 на хардкорт терените во кинеската метропола.

31-годишниот Шпанец направи брејк во четвртиот гем од првиот сет, по што целосно ја имаше контролата на мечот. 21-годишниот Хачанов, кој е 42. тенисер на светот, немаше одговор на експлозивниот форхенд на Надал и направи премногу неизнудени грешки.

Следен за Надал е шестиот носител, Американецот Џон Иснер, кој со 6:0/6:3 го декласираше Аргентинецот Леонардо Маер.

„Ќе биде многу тешко против Џон бидејќи игра навистина добро. Сите знаат дека е тешко да се освои брејк против него, но покрај сервисот, тој има и многу други оружја“, вели Надал, кој спасуваше две меч-топки пред победата над Французинот Лукас Пуј во првиот меч во Пекинг.

Кај дамите, продолжи падот на носителките, откако четвртата носителка Каролина Плишкова загуби од Романката Сорана Кирстеа со 6:1/7:5. 44-рангираната Кирстеа во четврт-финалето ќе игра со шампионката од Францускиот опен, Летонката Јелена Остапенко, откако нејзината противничка, Кинеската Пенг Шуаи, се повлече поради повреда на коленото при 3:0 негатива во првиот сет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП