28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаул Гонзалес: ПИК Сегед е сериозен противник

Раул Гонзалес: ПИК Сегед е сериозен противник

Европскиот шампион во ракомет, Вардар, перфектниот старт во сезоната ќе се обиде да го продолжи и в сабота, кога во рамките на четвртото коло во А групата ќе гостува во Унгарија кај ПИК Сегед.

Вардар во претходните три натпревари во Лигата на шампионите има исто толку победи, додека ПИК Сегед по стартниот пораз во Нант забележа две победи. Вардар е поуспешен во меѓусебните дуели, на шесте натпревари со унгарскиот тим има реми, пораз и четири победи. Победите европскиот првак ги има забележано во изминатите две години.

„Секогаш кога се игра против ПИК Сегед е тешко. Така ќе биде и овој пат. Нивниот тренер е навистина добар и тие играат со многу тактика. Досега двапати победивме во Сегед во Lигата на шампионите. Очекувам најтежок натпревар за нас досега. Ако сакаме да успееме мораме да одиграме најдобро, да се подобри нападот. Имаме доверба во нас бидејќи сме прво место, но мора да се вратиме во добра кондиција. ПИК Сегед е најголем противник. Мора да се браниме добро, изјавил за клупската интернет-страница тренерот на Вардар“, Раул Гонзалес.

Во однос на дуелите кои ги играа минатата сезона во двата тима нема многу персонални промени, кај ПИК Сегед нови имиња се левото крило Стефан Сигурмансон и средниот бек Димитри Житников.

„Нема многу менувања во нивниот состав, играат добро со пикер. Горбох играше добро на три натпревари. Средниот бек на Русија Житникот има квалитет, може да игра добро и во одбрана. Ќе биде навистина тешко“, рекол Гонзалес.

Шпанскиот тренер и на гостувањето во Унгарија, највeројатно, ќе го нема на располагање комплетниот состав. Изминатиот период во составот поради повреди не беа голманот Страхиња Милиќ и средниот бек Игор Карачиќ.

„Очекувам во Унгарија да патуваме сите, не знам како ќе биде Карачиќ. Тој не тренираше долго време. Знам дека ако некој не тренира тешко е потоа да игра добро, но секогаш верувам во тимот што е на терен“, заклучил Гонзалес.

Дуелот од четвртото коло во А групата помеѓу ПИК Сегед и Вардар се игра в сабота од 17:30 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП