24 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОEвролигата ќе се прошири на 18 тимови

Eвролигата ќе се прошири на 18 тимови

Од сезоната 2018/2019 во Евролигата наместо досегашните 16 екипи ќе играат 18 тимови. Специјални покани за ова престижно натпреварување ќе добијат минхенски Баерн и шампионот на Франција, објави престижниот кошаркарски портал „Спортандо“.

Истиот извор јави дека одлуката ќе биде донесена на состанокот на челниците на Евролигата, кој ќе се одржи в петок.

Баерн Минхен, чиј тренер е српскиот селектор Александар Ѓорѓевиќ, ќе добие „А“ лиценца, каква што имаат Фенербахче, Реал, ЦСКА Москва, Барселона, Олимпијакос… што значи дека нивното учество во Евролигата нема да зависи од тоа дали ќе бидат шампиони на Германија.

Ова значи дека Германија од наредната сезона ќе има два тима во Евролигата (шампионот и Баерн Минхен).

Едно место ќе добие и шампионот на Франција. Со досегашниот формат на Евролигата шампионот на оваа земја немаше место меѓу елитата.

Челните луѓе на Евролигата имаа план во најскора иднина бројот на тимовите да биде зголемен на 24 и натпреварувањето да биде поделено во две конференции.

Евролигата оваа сезона стартува на 12 октомври. Титулата ја брани Фенербахче.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП