18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОMинесота дојде до четвртата титулата во WNBA (видео)

Mинесота дојде до четвртата титулата во WNBA (видео)

Кошаркарките на Минесота Линкс ја освоија титулата во женската НБА лига (WNBA) откако во драматичната финална серија славеа над Лос Анџелес Спаркс со 3:2.

Во решавачкиот петти натпревар Минесота победи 85:76 и ја освои четвртата титула во историјата на клубот, додека кошаркарките на ЛА Спаркс останаа на досегашните три титули.

Минесота успеа да ја освои титулата иако во финалната серија противничките од ЛА имаа водство од 0:1 и 1:2.

Во решавачкиот петти натпревар Минесота со сигурна игра стигна до победата, иако мечот беше решен во последните пет минути. ЛА Спаркс во ниту еден момент, во петтиот меч не беше во предност.

Центарот Силвија Фаулс со 17 поени, 20 скокови и 4 асистенции ја предводеше Минесота до титулата. Таа го освои МВП признанието на финалната серија и воедно стана шестата кошаркарка во историјата која во иста сезона била МВП на регуларниот дел од сезоната и финалната серија.

Покрај Фаулс, кај Минесота се истакнаа Маја Мур со 18 поени и 10 скокови, односно Линдзи Вејлен со 17 оени и 8 асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП