6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКака: Во 2009 бев на чекор до Манчестер Сити

Кака: Во 2009 бев на чекор до Манчестер Сити

Освојувачот на „Златната топка“, некогашна ѕвезда на Милан, Бразиецот Кака, открил дека во 2009 година бил на чокор до трансфер во Манчестер Сити. Според неговите зборови, сите детали биле договорени и во тоа време Милан и Манчестер Сити ја чекале согласноста на фудбалерот.

„Преговорите беа во поодмината фаза. Од Сити ме делеше само мојот завршен збор. Дојдовме до фаза кога ги договаравме конечните детали. Платата што ми ја понудија беше поголема од онаа во Милан. Се прашував како ќе изгледа мојот живот во Англија, колку ќе му биде тешко на моето семејство да се прилагоди“, рекол Кака.

Бразилецот таа година, сепак, не замина во Манчестер Сити туку во Реал Мадрид, каде поради честите повреди не успеа да го покаже целиот свој потенцијал.

Кака во моментов игра во американското првенство во дресот на Орландо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП