22 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОХејнкес се враќа на клупата на Баерн

Хејнкес се враќа на клупата на Баерн

Јуп Хајнкес ќе ја прекине пензијата и до крајот на сезоната ќе биде тренер на Баерн Минхен. Хајнкес се пензионираше како тренер на Баерн во 2013 година кога на клубот му ја донесе титулата во Лигата на шампионите.

Весникот „Билд“ враќањето на Хајнкес го нарече „фудбалска сензација на годината“. На искусниот тренер ова ќе му биде четврти мандат на клупата на најтрофејниот германски клуб.

Хајнкес на клупата ќе го наследи Карло Анчелоти кој доби отказ по дебаклот од ПСЖ во Лигата на шампионите.

Хејнкес првиот мандат во Баерн го имаше од 1987 до 1991 година, потоа во 2009 година, а последниот мандат му беше од 2011 до 2013 година.

Раководството на Баварците му даде предност на Хајнкенс во однос на Томас Тухел и Јулијан Нагелсман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП