9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАргентина, Уругвај и Парагвај со кандидатура за СП 2030

Аргентина, Уругвај и Парагвај со кандидатура за СП 2030

Јужноамериканските нации Аргентина, Уругвај и Парагвај ја потврдија кандидатурата за организација на Светското првенство во фудбал во 2030 година, во исто време потврдувајќи дека Аргентина би била домаќин на повеќето натпревари.

Претседателите на трите нации ја започнаа кампањата во Каса Росада, владината палата на Аргентина. Кандидатурата ќе вклучува два-три стадиони во Парагвај и Уругвај и шест до осум стадиони во Аргентина.

„Знаеме дека има и други земји заинтересирани за првенството, но 100-годишнината од првото СП во Уругвај го прави регионот атрактивен“, изјави претседателот на Парагвај, Хорасио Картес.

Уругвај го освои првото СП во Монтевидео во 1930 година со 4:2 победа над Аргентина во финалето. Аргентина и Уругвај имаат по две титули од СП, додека Парагвај нема трофеј.

Засега не се објавени други кандидатури за СП во 2030, иако Кина најави интерес за организација на првенството во иднина. Русија е организатор на следното СП во 2018 година, а Катар ќе биде организатор на СП во 2022. Организаторот за 2026 година уште не е објавен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП