30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЦрвена звезда славеше над Мега, овации за Антиќ (видео)

Црвена звезда славеше над Мега, овации за Антиќ (видео)

Перо Антиќ имаше успешно деби во дресот на Црвена звезда. Македонскиот интернационалец во второто коло, во АБА лигата, уфрли 10 поени во победата на Црвена звезда над Мега Бемакс 90:80 (26:19, 18:17, 22:25, 24:19).

Актуелниот шампион во АБА лигата, натпреварот против Мега Бемакс го доби благодарение на индивидуалниот квалитет на своите кошаркари, пред сите на Тејлор Рочести и Џејмс Фелдин.

Рочести постигна 26 поени, а и аше и шест асистенции додека Фелдин мечот го заврши со 21 поен.

Перо Антиќ во игра влезе во финишот на првата четвртина. Неговото влегување во игра бурно го поздрави публиката во салата „Александар Николиќ“. Антиќ на теренот мина 10:18 секунди и за тоа време постигна 10 поени (3/6 за три, 1/2 слободни).

Дуелот го обележа и забивањето на Матијас Лесор, кое сигуро ќе конкурира за најатрактивен потег во сезоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП