Олимписката скијачка шампионка Линдзи Вон нема да добие брза шанса да се натпреварува против најдобрите скијачи бидејќи Интернационалната скијачка федерација (ФИС) ја одложи одлуката до следниот мај.
Вон подолго време има желба да се обиде против најдобрите машки скијачи, меѓутоа Извршниот одбор на ФИС на состанокот во Цирих реши да се одлучува во мај, со што Американката би добила шанса дури во сезоната 2018/2019.
Вон е рекордер по бројот на победи во Светскиот куп, со 77 триумфи, и од неа поуспешен е само шведскиот скијач Ингемар Стенмарк, кој победи 86 пати.
Американската скијачка и сноуборд-федерација (УССА) тврди дека Вон ја има поддршката на повеќе членови на Извршниот одбор на ФИС и дека е охрабрувачки што обидот на Вон не бил отфрлен веднаш.