18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБорба за контрола на Арсенал

Борба за контрола на Арсенал

Вториот најголем акционер во тимот на Арсенал, Алишер Усманов, вели дека не преговара со сопственикот на мнозинството акции, Стен Кренке, за продажба на уделот во славниот англиски тим.

Англиските медиуми јавија дека Кренке, кој има 67 отсто од акциите, дал понуда да ги откупи тие 30 отсто на Усманов. 64-годишниот узбекистански милијардер Усманов вели дека е заинтересиран за Арсенал на долги патеки кога во мај се обиде да го откупи клубот за 1 милијарда фунти.

„Моите 30 отсто акции се важни за заштита на најдобрите интереси на фановите на Арсенал. Мојата заинтересираност за Арсенал е на долги патеки и целта беше да се купат повеќе акции кога ќе станат достапни. Ги уверувам навивачите дека сум отворен за разни сценарија, како конструктивно партнерство со мнозинскиот акционер, купување на акциите, но само ако се дели визијата за иднината на клубот“, изјави Усманов.

Усманов, според магазинот „Форбс“, има богатство од 15,1 милијарди долари, богатство направено преку бизниси во металната индустрија. Тој ги купи првите акции во Арсенал во август 2007 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП