6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМЗТ против Карпош на стартот на новата сезона

МЗТ против Карпош на стартот на новата сезона

Викендов стартува сезоната 2017/2018 во кошаркарското првенство на Македонија. По тој повод во просториите на МКФ денеска се одржа ждрепката за првото коло. Веднаш на стартот ќе се сретнат минатосезонските финалисти МЗТ Скопје и Карпош Соколи.

Вкупно 12 екипи ќе се натпреваруваат во првиот дел од првенството. Од минатата сезона остануваат актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром, вицешампионот и освојувач на државниот Куп за оваа година, Карпош Соколи, Работнички, Куманово, Фени Индустри, АВ Охрид, Струмица и Кожув.

Од Втората лига промоција добија екипите на Гостивар и на Радовиш, но на местото на Радовиш ќе се натпреварува Блокотехна. Со проширување на Првата лига од 10 на 12 екипи, место во кошаркарската елита на Република Македонија добија Пелистер и Шкупи.

Двојки, 1.Коло:
Пелистер – Шкупи
Фени Индустри – Гостивар
Струмица – АВ Охрид
Кожув – Блокотехна
МЗТ Скопје Аеродром – Карпош Соколи
Куманово – Работнички.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП