5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМенувачот во болидот на Фетел е в ред

Менувачот во болидот на Фетел е в ред

Возачот на Ферари Севастијан Фетел не мора да врши промена на менувачот на својот болид во пресрет на трката за Големата награда на Јапонија. На овој начин тој ја избегна казната, која ќе му следуваше доколку настапеше со нов менувач на патеката „Сузука“.

Ферари стравуваше дека менувачот во болидот на Фетел е сериозно оштетен по бизарниот инцидент по завршувањето на трката во Малезија, кога возачот на Вилијамс, Ленс Строл, удри во болидот на Фетел.

Ферари исвршил испитувања во својата фабрика во Италија и на „Твитер“ објави дека менувачот во болидот на Фетел е „достапен“.

Доколку Фетел мораше да изврши промена на менувачот, тогаш во зависност од пласманот во квалификациите ќе беше вратен пет места наназад, што дополнително ќе му ја отежнеше борбата за шампионската титула со Луис Хамилтон.

Трката за Големата награда на Јапонија се вози в недела од 7 часот по средноевропско време. До крајот на шампионатот останаа уште пет трки, а Хамилтон води со 34 бодови повеќе од Фетел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП