21 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОНајсериозна замена за Анчелоти е Тухел?

Најсериозна замена за Анчелоти е Тухел?

Баерн Минхен сè уште е во потрага по тренер кој ќе го наследи Карло Анчелоти. Клупските челници минатата недела му врачија отказ на Италијанецот откако Баерн доживеа тежок пораз во Лигата на шампионите од ПСЖ.

Некогашниот играч на Баерн и поранешен репрезентативец на Франција, Вили Сањол, кој беше дел од стручниот штаб на Анчелоти, го предводеше тимот на првенствениот дуел со Херта (2:2). Баерн во Берлин по 50 минути игра имаше два гола предност, но до крајот на натпреварот Херта успеа да израмни.

Баерн во моментов се наоѓа на делба на втората позиција на табелата во Бундеслигата, со пет бода помалку од лидерот Борусија Дортмунд.

Германските медиуми шпекулираат со името на идниот тренер на клубот од Баварија, а „Билд“ пишува дека Ули Хенес сака на клупата да го види младиот 32-годишен тренер на Хофенхајм, Јулијан Негелсман, додека желба на претседателот Карл-Хајнц Румениге e Томас Тухел, кој по авантурата во Борусија Дортмунд е без работа.

Истиот извор наведува дека во опција за нов тренер на Барселона се и поранешниот тренер на Барселона, Луис Енрике, и екс селекторот на Холандија и тренер на неколку европски екипи, Луј ван Гал, кој во минатото седеше на клупата на Баварците.

Сепак, како што тврди „Билд“, копјата во клубот се кршат околу Луис Енрике и Томас Тухел и дека на крајот во нов тренер ќе биде промовиран Германецот.

Томас Тухем во сезоната 2007/08 го предводеше вториот тим на Аугсбург, а потоа од 2009 до 2014 година беше тренер на Мајнц. Од сезоната 2014/2015 до јуни 2017 беше предводник на Борусија Дортмунд и со овој тим успеа минатата сезона да го освои германскиот Куп.

Тухел во тренерската кариера зад себе има 324 натревари на кои остварил 160 победи, 87 порази, а неговите тимови 77 одиграле нерешено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП