28 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСе менува форматот на класичниот Ол-стар натпревар

Се менува форматот на класичниот Ол-стар натпревар

Здружението на професионални кошаркари и НБА лигата ги објавија реформите за Ол-стар натпреварот, каде повеќе нема да има натпревар помеѓу Истокот и Западот.

Како што објавија американските медиуми прв пат во историјата на Ол-стар дуелите тимовите ќе ги составуваат капитените од кошаркарите кои добиле најмногу гласови, независно од тоа на која конференција и припаѓаат.

Правото да ги изберат соиграчите ќе имаат играчите кои ќе добијат најмногу гласови во Источната и Западната конференција.

Тие потоа ќе ги составуваат тимовите од играчите кои право за настап ќе стекнат според гласовите на навивачите (50 отсто0), играчите (25 отсто) и медиумите (25 отсто).

Овој формат ќе започне да се применува од сезоната 2018/2019 година.

Последниот Ол-стар по стартиот систем ќе биде одржан во Лос Анџелес од 15 до 18.февруари 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП