4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДрогишки е ново засилување на Еурофарм Работник

Дрогишки е ново засилување на Еурофарм Работник

Стефан Дрогришки го напушти Металург и реши кариерата да ја продолжи во редовите на Еурофарм Работник, кој ќе може да го регистрира за натпреварите во Суперлигата и Челинџ купот.

Дрогришки (23) кој две сезони беше дел од екипата од Автокоманда, со Еурофарм Работник потпиша двегодишен договор, потврди клубот на својата официјална интернет страница. Дрогришки е продукт на школата на Пелистер, а во последните две сезони го носеше дресот на Металург.

На последното Светско првенство во Франција, Дрогришки настапуваше за македонската ракометна репрезентација. Дрогришки настапува на позицијата лев и среден бек и ќе биде од голема важност за екипата на Андон Бошковски.

Дрогришки синиќа го одигра последниот меч за Металург, тој настапи неколку минути на натпреварот со ППД Загреб во СЕХА лигата. Металург го загуби овој натпревар 26:32

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП