3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВелс без Бејл во дуелите со Грузија и Ирска

Велс без Бејл во дуелите со Грузија и Ирска

Фудбалската репрезентација на Велс клучните две средби за пласман на Светското првенство во Русија, против Грузија и Република Ирска, ќе ги одигра без својот најдобар играч Герет Бејл.

Бејл поради лошата физичка подготвеност ќе ги пропушти овие два натпревари, а од истата причина не беше во составот на Реал на неделниот натпревар со Еспањол.

Бејл во понеделникот се појавил во тренинг-кампот на репрезентацијата, но не тренирал, а потоа селекторот Крис Колман решил тој да не патува за Грузија. На местото на Бејл селекторот го повика напаѓачот на Барнсли, Том Бредшо.

Велс во Д групата се наоѓа на второто место, со 14 бодови, четири помалку од лидерот Србија, на третото место е Ирска со 13 бодови.

Велшаните в петок гостуваат во Грузија и доколку не победат, тогаш на Србија ќе ѝ биде потребен еден бод во Виена против Австрија за на коло до крајот на квалификациите да избори директен пласман на Мундијалот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП