6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАБА: Меѓу најдобрите во првото коло тројца играчи на МЗТ

АБА: Меѓу најдобрите во првото коло тројца играчи на МЗТ

Тројца играчи на МЗТ Скопје се меѓу оние кои го обележаа првото коло во регионалната АБА лига. Дамјан Стојановски за „влакно“ не е МВП на колото, Бојан Трајковски имаше најмногу скокови, а Ерик Гарсија е втор најдобар асистент.

Дамјан Стјановски, кој заедно со Бојан Трајковски во посчедната четвртина одиграа симултанка со одбраната на Партизан, во победата 92:89 вгради 30 поени, 5 скока, 4 асистенции и една украдена топка, што му донесе индекс на успешност 30.

Капитенот на МЗТ на теренот мина 36:33 минути, а поради минутажата за „влакно“ му избега МВП наградата.

Имено и новиот центар на Црвена звезда, Матијас Лесор имаше 30 индексни поени (22 поени, 4 скока, 2 асистенции и украдени топки), но наградата за најкорисен во првото коло оди кај него бидејќи мина помалку минути на теренот (25:33 минути) од Стојановски.

Инаку Стојановски е вто најдобар стрелец во ова коло зад Дезмонд Вашингтон кој во поразот на Игокеа од Олимпија постигна 35 поени.

Бојан Трајковски на натпреварот со Партизан покрај 20 поени имаше и 14 скокови, најмногу во првото коло, додека новиот плејмејкер на МЗТ, Ерик Гарсија на дуелот со партизан подели девет асистенции. Една повеќе од Гарсија имаше новиот играч на Партизан, Најџел Вилијам-Гос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП