17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПоради повреда Мората најмалку еден месец надвор од терените

Поради повреда Мората најмалку еден месец надвор од терените

Алваро Мората еден месец ќе биде надвор од фудбалските терени како последица на повредата која ja доби на саботното дерби со Манчестер Сити, пренесува британскиот сервис „Би-би-си“.

Мората во дербито на „Стенфорд бриџ“ играше половина час, по кои самиот побара да биде заменет поради повредата.

„Би-би-си“ во вторникот објави дека Шпанецот ќе отсуствува еден месец, а доколку рехбилитацијата не оди според посакуваното, тој би можел да биде надвор од фудбалските терени околу два месеца.

Мората, кој во летниот преоден рок пристигна во Челеси за сума од 60 милиони евра, ќе ги пропушти репрезентативните натпревари со Албанија и Израел.

Наредниот меч во Премиер лигата Челси ќе го одигра против Кристал Палас на 14 октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП