19 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 03.10.2017

Дневен хороскоп 03.10.2017

 

Овен (21.03 – 20.04)

Финансиската ситуација значително ви се поправила и пред вас е добар период. Во љубовта можно е комуникацијата со лицето кое ви се допаѓа да дојде во некоја негативна фаза и полека да го загубите.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Нема потреба премногу да се грижите за работата бидејќи на овој план се оди како што треба. Заљубени сте и се чувствувате многу добро покрај саканото лице. Плановите за заедничка иднина ви се големи.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Немојте да очекувате дека некои работи ќе се решат сами по себе. Неопходно е повеќе да им се посветите на обврските. Во љубовта слободните ќе мечтаат за некое ново лице, оние во брак или врска ќе уживаат.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Немојте да очекувате премногу на работното место. Ситуацијата не ви е претерано поволна. Во љубовта можно е да ви е потребен некој вид на пауза и дистанцирање од саканото лице.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Некое патување во странство е пред вас и тоа може многу добро да се одрази на вашиот деловен статус. Во љубовта имате добар однос со партнерот и задоволни сте од состојбата во вашиот брак или врска.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Можете да се надевате дека ќе ја добиете помошта која ви е потребна. Слободно обратете им се на соработниците кога сте во невоља. Во љубовта доколку сте слободни, ве очекува добар ден за флерт.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ве очекува подобрување на финансиската ситуација преку некое наследство, кредит или пари во вид на позајмица. Во љубовта можно е да ви се укаже прилика за врска која од некоја причина ќе неможе да биде јавна.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Доколку очекувате многу важен ден за вашата работа, можете да се надевате се ќе пројде во најдобар ред и вие ќе оставите одличен впечаток. Денот е поволен доколку планирате да официјализирате некоја врска во љубовниот живот.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Имате многу обврски но добро сте организирани, па ќе успеете се да завршите во предвидениот рок. Во љубовта го сакате својот партнер иако понекогаш, а во последно време често, не се сложувате многу.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Нема да имате многу работа. Очекувајте дека ќе имате време да се посветите на некои други нешта. Во љубовта ве очекува ново познанство кое може да прејде во врска на долги стази.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Во деловното поле постојат некои работи на кои во моментов не можете да влијаете и време е да започнете да ги прифаќате. Во љубовта ве очекува возбудлив ден кој со себе носи многу интересни случувања.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Задоволни сте со ситуацијата на деловно финансискиот план и немате некои поголеми проблеми во моментов. Во љубовта покрај саканото лице се чувствувате многу добро. Тоа ви дава мир, љубов, стабилност и сигурност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП