19 мај, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 02.10.2017

Дневен хороскоп 02.10.2017

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе бидете многу вредни и продуктивни овој ден. Вишокот позитивна енергија ќе го насочите кон деловното поле. На љубовното поле ќе посакувате одредена промена.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Не сакате на никого да му дозволите да ве потиснува. Јасно ќе покажете дека постојат одредени граници. Во љубовта очекувајте интересна комуникација со лице кое можеби не е сосема слободно.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Тимската работа ќе ви биде силна страна. Заедно со своите соработници ќе успеете да остварите значителен напредок. Во љубовта слободните преку некој пријател ќе запознаат интригантно лице.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ве очекува значителен напредок на деловниот план. Конечно ќе го остварите она што веќе долго сте го имале во план. Во љубовта можно е да сте подготвени да пронајдете нова љубов бидејќи моменталниот партнер не ви одговара во целост.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ве очекува прилика да покажете колку сте добри во својата работа. Можете да се надевате на многу позитивни околности. Преку интересна комуникација со личноста која ви се допаѓа ќе успеете да остварите дополнително зближување.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Подобрувањето на финансиската ситуација е пред вас. Можете да се надевате дека ќе бидете многу задоволни со исходот. Во љубовта сте решиле некои недоразбирања и сега конечно вашата врска може да тргне во подобар правец.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Во текот на денешниот ден би можеле да покажете колку сте хумани и на некој да му помогнете. На емотивното поле ве очекуваат промени кои не сте ги очекувале. Можно е да бидете изненадени.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Сте решиле повеќето од важните проблеми и сега конечно имате малку време за себе. Саканото лице максимално ви е посветено, а вие уживате во вниманието кое ви го пружа.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Функционирате под притисок и остварувате добри резултати иако се наоѓате во отежнати околности. Во љубовта ако сте слободни можете да запознаете интересна личност со која ќе имате заедничка иднина.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Сега е моментот некои свои работи да ги доведете до крај и да ја резимирате крјната состојба. Ќе бидете потребно да ги согледате успесите и неуспесите. Во љубовта можете да очекувате интересни случувања и убаво поминато време.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Доколу се занимавате со приватен бизнис, можете да очекувате подобрување на заработката. Брачниот партнер се труди покрај него да се чувствувате сакано и сигурно. Ситуацијата на љубовното поле ви е одлична.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Можеби е подобро да ги избегнете важните разговори во текот на денешниот ден за да не оставите погрешен впечаток поради недостатокот на концентрација. Во љубовта можен е интересен флерт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП