3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА ја намали казната на Малага

УЕФА ја намали казната на Малага

M

УЕФА ја намали казната на Малага да не учествува во европските клубски натпреварувања на една година. Првичната казна за шпанскиот клуб беше тој да не учествува во евротурнирите во наредните четири сезони.

Од европската куќа на фудбалот направија анализа на финансиската состојба на клубот и утврдија дека нема одложување на исплатата на долговите. Органите на УЕФА ќе продолжат да ја следат финансиската состојба на клубот.

Намалувањето на казната на Малага е токму во неделата во која Шпанската фудбалска федерација ќе ги распредели лиценците на тимовите кои следната година ќе бидат дел од Лигата на Шампионите и Лига Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП