4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРеал победи дома, Барселона без навивачи до триумф (видео)

Реал победи дома, Барселона без навивачи до триумф (видео)

Барселона го задржа максималниот ефект во Ла Лига и по седмото коло, во кое победи како домаќини запишаа уште и Реал, Валенсија и Виљареал.

Барселона „зад затворени врати“ го одигра дуелот со Лас Палмас. Поради реферндумот за независност на Каталонија, никој не можеше да ја гарантира безбедноста на тие кои ќе бидат приситни на „Камп Ноу“.

Челниците на Барса биле подготвени да го одложат мечот, но биле предупредени од водството на Ла Лига дека во тој случај Лас Палмас службено ќе го добие мечот.

Без публика Барселона успеа да победи 3:0 со головите кои во второто полувреме ги постигнаа Бускетс и Меси кој беше стрелец на два гола.

Реал, пак на „Сантијаго Бернабеу“ го пречека вториот клуб од Барселона, Еспањол и успеа да победи 2:0 со головите на Иско, кој беше прецизен во 30 и 71.минута.

Ова беше прва победа за Реал во првенството пред своите навивачи, откако претходно одигра нерешено со Леванте и Валенсија и загуби од Бетис.

На овој натпревар како одговор на референдумот во Каталонија, навивачите на Реал во 12.минута развиорија шпански знамиња, со порака дека тие се 12.играч и дека тие се Шпанија.

Валенсија во ефикасен натпревар го победи Атлетик Билбао 3:2. Валенсија заедно со Барса и Атлетико сеуште нема пораз сезонава. Повторно стрелец беше Италијанецот Симоне Заза, тој го постигна водечкиот гол, а потоа Дани Парехо зголеми на 2:0.

Ветеранот Ариз Адуриц намали на 2:1, но набргу Родриго и ја врати предноста од два гола на Валенсија. Конечниот резултат го постави Раул Гарсија.

Виљареал со новиот тренер ја забележа првата победа. Еибар загуби на „Ел Мадригал“ со 3:0. Хет-трик забележа Конгоанецот Седрик Бакамбу

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП