11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООдбојкарките на Србија се новите европски шампионки

Одбојкарките на Србија се новите европски шампионки

Одбојкарките на Србија се новите европски шампионки. Во финалето на континеталниот шампионат кој се одржа во Азербејџан, Србија ја победи Холандија со 3:1.

Српските одбојкарки без пораз стигнаа до втората европска титула во историјата, а од 2006 година тие имаат освоено 15 медали на големите натпреварувања.

На патот до финалето тие ги совладаа Холандија, Чешка, Белгија, Белорусија, Турција во полуфиналето и во мечот за титулата беа повотрно подобри од Холанѓанките.

Во Баку Србија ги доби првите два сета 25:20, 25:22, потоа Холандија возврати со 18:25, а во четвртиот сет српските одбојкарки беа подобри со 25:18.

Бронзениот медал го освои Турција со победата 3:1 над домаќинот Азербејџан.

Тијана Бошковиќ која со 29 поени во финалето ја предводеше Србија до титулата е прогласена за МВП на првенството.

Покрај Бошковиќ во идеалниот тим на Европското првенство се најдоа и нејзините колешки од репрезентацијата Бранкица Михајловиќ и Стефана Вељковиќ, односно Холанѓанките Ане Буијс, Лонеке Слетје и Лаура Дијкема, како и Еда Ердем (Турција) и Валерија Мамдова (Азербејџан).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП