29 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСакате телефонот да ви трае? Правете го ова секој ден!

Сакате телефонот да ви трае? Правете го ова секој ден!

За телефонот да е растеретен и да работи подобро потребно е една работа да ја правите секој ден, некогаш и повеќе пати.

Секојдневното користење на апликациите, инсталацијата на нови, преземањето на фајлови, играњето игри, сурфањето на интернет, примањето на СМС пораки и се останато што правите на телефонот, особено Android, остава траги во меморијата на уредот и го отежнува неговото користење. За телефонот да работи порастеретено и поквалитетно потребно е секој ден да извршите рестартирање, со цел да ги решите проблемите со закочувањето кое може да настане на сите уреди и на поповолните и на најскапите.

На пример LG за својот најнов модел LG Q6 советва често да се врши рестартирање на уредот, со цел тој да се одржи посвеж и поподготвен за работа. LG компанијата, исто така, советува да се користат фабрички вградените апликации за одржување на телефонот во добра кондиција (во овој случај Smart Doctor) кој врши оптимизација на уредот.

Добро е да знаете дека и апликациите кои не ги користите, како и они кои дури и ќе ги избришете од телефонот и понатака во некои случаеви користат од момеријата и другите ресурси на уредот, поради што би требало редовно да се рестартира секој уред со Android оперативен систем, советуваат експертите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП