10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГонзалес: Фаворити сме, но го почитуваме Загреб

Гонзалес: Фаворити сме, но го почитуваме Загреб

Хрватскиот шампион ППД Загреб е ривалот на Вардар во третото коло, во Лигата на шампионите. Натпреварот ќе се одигра в недела од 17 часот во СЦ „Јане Сандански“.

„Загреб е добар тим со искусни играчи какви што се Вори, Хорват…имаат квалитет. Очекувам тежок натпревар бидејќи играат добра одбрана 6-0, која често ја менуваат во 5-1 со Марковиќ како најистурен. Треба да се подготвиме како да напаѓаме против овие два вида одбрани. Ние сме први во групата, но не треба да се опуштиме. Фаворити сме, но треба да го почитуваме противникот. Очекувам добар натпревар, очекувам полна сала, подобро се игра во полна сала“, рече Вардаровиот тренер Раул Гонзалес.

Капитенот на тимот, Стојанче Стоилов, го дели мислењето на својот тренер, потсети дека претходната сезона токму Загреб му го нанесе првиот пораз на Вардар и предупреди дека играта во нападот треба да биде на многу повисоко ниво од она што беше на натпреварот со Нант.

„На натпреварот со Нант нападот не функционираше како што треба, мислам дека тоа ќе го поправиме: Посакувам полна сала. Ние сме фаворити и тоа треба да го покажеме на теренот“, рече Стоилов.

Вардар, по сè изгледа, и на овој дуел нема да биде комплетен бидејќи под знак прашалник е настапот на голманот Страхиња Милиќ и средниот бек Игор Карачиќ, кој како што информира тренерот Гонзалес „започна со индивидуални тренинзи“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП