10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн Минхен му врачи отказ на Карло Анчелоти

Баерн Минхен му врачи отказ на Карло Анчелоти

Карло Анчелоти повеќе не е тренер на најтрофејниот германски клуб, Баерн Минхен. Италијанскиот тренер доби отказ по состанокот што го имаше со раководството на клубот, а капката што ја прелеа чашата беше синоќешниот убедлив пораз од ПСЖ (3:0) во Лигата на шампионите.

Веднаш по состанокот, германскиот великан ја објави информацијата на официјалната интернет-страница.

„Играта на нашиот тим од почетокот на сезоната не на нивото што го посакуваме. Натпреварот во Париз јасно покажа дека какви ќе бидат последиците. Спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ и јас отворено разговаравме со Карло и го известивме за нашата одлука“, рекол претседателот на клубот, Карл-Хајнц Румениге.

Анчелоти минатата сезона го предводеше Баерн до титулата во Бундеслигата, а во Лигата на шампионите стигна до четврт-финалето, каде што беше елиминиран од Реал Мадрид.

Синоќа Дани Алвес, Кавани и Нејмар постигнаа голови за ПСЖ, а Баерн го доживеа најтешкиот пораз во фазата по групи во Лигата на шампионите во последните две децении.

Покрај Анчелоти, Баерн го напуштија и членовите на неговиот стручен штаб – Џовани Маури, Давиде Анчелоти, Франческо Маури и Мино Фулко.

Кандидати за наследник на Анчелоти се Вили Сањол, Томас Тухел и Јулијан Нагелсман.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП