28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарките со пораз ги започнаа квалификациите за ЕП

Ракометарките со пораз ги започнаа квалификациите за ЕП

Македонската женска ракометна репрезентација со пораз ги започна квалификациите за пласман на Европското првенство во 2018 година, кое ќе се одржи во Франција. Вчера во Лунд фаворизираната Шведска ја победи Македонија со 38:26.

Македонските ракометарки постигнаа два гола на почетокот и тоа беше сè што направија на овој дуел. Шведска одговори со седум гола во низа и по десет минути водеше 7:2. По 20 минути игра, на семафорот стоеше 12:5, а на крајот од полувремето македонските ракометарки имаа негатива од пет гола (18:13).

Во второто полувреме Шведска ја одржуваше предноста од седум гола, а во 50. минута негативата на Македонија беше двоцифрена (34:24). На крајот Шведска предводена од Хагмен, која постигна осум гола, славеше 38:26. Македонија ја предводеше Ѓеорѓиевска, која со девет гола беше најефикасна на натпреварот.

Македонија во наредното коло, на 30 октомври, ќе ја пречека Србија во Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП