2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРозенборг го порази Вардар (видео)

Розенборг го порази Вардар (видео)

Вардар го забележа вториот пораз во фазата по групи во Лига Европа. „Црвено-црните“ вечерва во Трондхајм загубија од Розенборг со 3:1 (1:0). Бразилецот Фелипе влезе во историјата на Вардар како играч што го постигнал деби-голот за најтрофејниот македонски клуб во групната фаза во Лига Европа.

Вардар се обиде, но не успеа да го изненади Розенборг. Одново клучно беше искуството, односно неискуството во ваквите европски натпревари. Можеби натпреварот ќе имаше поинаков тек доколку ударот на Блажевски во третата минута, наместо во дирекот, завршеше во мрежата на норвешкиот тим.

Вардар добро парира сè до 25. минута кога Мелинг со добро додавање го спои Бендтнер со голот, а Муслиу го сруши искусниот напаѓач. Бендтнер беше сигурен реализитор на пеналот.

Во второто полувреме Розенборг постигна уште два гола, најпрвин Конрадсен во 56. минута, а 12 минути подоцна, по една луцидна асистенција на Бендтнер, Хаденштад зголеми на 3:0.

Вардар до крајот имаше една добра шанса преку Барсегјан, но неговиот удар од 20-ина метри го одбрани Хансен, потоа Блежевски биеше многу непрецизно од слободен удар, а во 90. минута Фелипе постигна брилијантен гол и ги постави конечните 3:1.

Во наредното коло, на 19 октомври, Вардар ќе го пречека Реал Сосиедад. Тимот од Сан Себастијан вечерва со идентични 3:1 загуби кај Зенит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП