4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООтказ за Анчелоти?

Отказ за Анчелоти?

Претседателот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, рекол дека тренерот Карло Анчелоти ќе биде под дополнителен надзор по убедливиот пораз од ПСЖ во Лигата на шампионите.

Баерн синоќа на „Паркот на принцовите“ загуби со 3:0, а во петокот на домашен терен, во Бундеслигата, против Волфсбург испушти предност од 2:0.

„Горчлив пораз. Мораме да разговараме, мораме да направиме анализа од која ќе извлечеме поуки и за која некој ќе понесе одговорност“, рекол Румениге.

Анчелоти на мечот со ПСЖ во стартниот тим ги немаше искусните Робен, Рибери и Хумелс, додека Боатенг воопшто не беше во тимот. Италијанецот го уфрли Робен во игра при резултат 3:0, а по мечот рекол дека знае дека ќе биде критикуван поради почетниот состав.

„Јас многу внимание обрнувам на поставата и формацијата. Не жалам поради оваа одлука. Вистина е дека Робен, Рибери и Хумелс, кои се одлични играчи, останаа на клупата. Но, тоа е така во големите клубови. Добри играчи мора да седат на клупата. Тоа е мојата работа“, рекол Анчелоти.

За разлика од Анчелоти, претседателот Румениге не покажа ниту трошка разбирање за тренерот и фудбалерите.

„Мислам дека она што го видовме синоќа не беше Баерн Минхен. Важно е да го надминеме тоа и час поскоро да го претставиме Баерн во вистинското светло. Исто така да покажеме дека сме тим кој во изминатите сезони во Европа и на национално ниво беше светла точка“, дополнил Румениге

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП