27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГлигоров: Имаме желба да оствариме добар резултат

Глигоров: Имаме желба да оствариме добар резултат

Пред денешниот натпревар против Розенборг, заменик-капитенот на екипата на Вардар, Никола Глигоров, ги искажа своите очекувања од дуелот од второто коло во групата Л од Лига Европа.

„Знаеме против каков противник играме. Розенборг добро е анализран од наша страна. Во своите редови има добри играчи, поединци, пред сè, тука најпознат е Бендтнер, кој има огромно искуство со репрезентацијата и со настапите во силните првенства во Европа. Тоа што успеаја да го елиминираат Ајакс во Лига Европа доволно кажува за нашиот противник. Меѓутоа, ние сме подготвени да дадеме максимум на теренот, да се преставиме во добро светло и се надевам дека гледачите што ќе дојдат утре на стадионот на Розенборг ќе имаат можност да гледаат еден добар натпревар на два тима што ќе сакаат да освојуваат бодови во групата. Ние имаме желба за добар резултат и се надевам дека ќе го оствариме утре на теренот тука во Трондхајм“, изјави Глигоров.

Двата тима во првото коло запишаа порази, Вардар од Зенит во Скопје, а Розенборг од Реал Сосиедад во Сан Себастијан.

Натпреварот во Трондхајм ќе започне во 19 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП