12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОAванс од 11 милиони евра од ПСЖ за Алексис Санчез

Aванс од 11 милиони евра од ПСЖ за Алексис Санчез

ПСЖ, клубот што во летниот преоден рок направи револуција на фудбалскиот пазар и успеа да потпише со Нејмар и Килијан Мбапе, подготвува нов спектакуларен трансфер во јануарскиот преоден рок.

Чилеанските медиуми откриваат дека ПСЖ се подготвува во своите редови да го донесе напаѓачот на Арсенал, Алексис Санчез.

Санчез одбива да го продолжи договорот со Арсенал, што значи дека доколку клубот не го продаде во јануари, тој по Нова година може да потпише преддоговор со друг тим и во летниот преоден рок да замине од „Емирати“ како слободен играч.

Весникот „Ел Меркурио“ открива дека ПСЖ сака во јануари да го реализира трансферот на Алексис Санчез и дека за да ја оствари целта, подготвил аванс од 11 милиони евра.

Доколку пишувањата на чилеанските медиуми се точни, тогаш трансферот на Алексис Санчез во ПСЖ значи заминување на Единсон Кавани, кој не е во добри односи со најаскапиот игра во тимот Нејмар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП