17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУ-21: Живковиќ и Грујиќ ја предводат Србија против Македонија

У-21: Живковиќ и Грујиќ ја предводат Србија против Македонија

Селекторот на младата фудбалска репрезентација на Србија, Горан Ѓоровиќ, го објави списокот за натпреварите со Македонија во Скопје и Русија во Нови Сад.

Селекторот Ѓоровиќ, кој по Европското првенство во Полска го наследи Ненад Лалатовиќ, во репрезентацијата не го повика голманот Вања Милинковиќ-Савиќ кого, поради недисциплина, го исфрли од претходниот собир на младата српска репрезентација.

На списокот на Ѓоровиќ има 23 имиња, а најзвучни се оние на Андрија Живковиќ од Бенфика и Марко Грујиќ од Ливерпул.

Список на Србија У-21:

Голамни: Радуновиќ (Салернитана), Јевриќ (Бачка), Остојиќ (Спартак)

Одбрана: Ќаласан (Спартак), Јовановиќ (бордо), Миленковиќ (Фиорентина), Стевановиќ (Кајзериспор), Богосавац (Чукарички), Вучиќ (Земун), Машовиќ (Клуб Бриж)

Среден ред: Живковиќ (Бенфика), Грујуќ (Ливерпул), Миќин (Чукарички), Лукиќ (Леванте), Пантиќ (Партизан), Дениќ (Рад), Месаровиќ (Војводина), Пантовиќ (Баерн), Радоњиќ (Црвена звезда), Лутовац (Рад), Аџиќ (Црвена звезда)

Напад: Јовиќ (Ахнтрахт Франкфурт), Шапоњиќ (Зулте Варегем).

Србија во Скопје ќе гостува на 6 октомври, а дуелот ќе се игра во комплексот на ФФМ на стадионот „Петар Милошевски“ од 15 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП