28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРафаел Варан потпиша нов петгодишен договор со Реал

Рафаел Варан потпиша нов петгодишен договор со Реал

Францускиот репрезентативец Рафаел Варан потпишал нов петгодишен договор со Реал Мадрид. Новиот договор на Варан истекува на 30 јуни 2022 година.

Варан на „Сантијаго Бернабеу“ пристигна во 2011 година од Ленс за сума од 10 милиони евра. Во текот на годините успеа да се избори за место во стартниот тим покрај Серхио Рамос и Пепе.

Французинот неколку преодни рокови е желба на Жозе Мурињо кога Португалецот беше менаџер на Челси, а и сега во Манчестер јунајтед.

Варан токму кај Мурињо ја доби вистинската шанса во првиот тим. Под водство на Мурињо дефанзивецот одигра 48 меча за Реал, а во досегашниот престој во Мадрид има одиграно 198 натпревари за „кралскиот клуб“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП