Благоја Милевски, човекот кој го оствари најголемиот успех на македонскиот фудбал со пласманот на Европското првенство за играчи до 21 година, потврди дека и во наредните две години ќе биде селектор на оваа репрезентација.

На прес-конференцијата во пресрет на натпреварите со Србија и Гибралтар, Милевски рече дека со ФФМ договорил нова двегодишна соработка, без притоа да ги соопшти финансиските детали од договорот.
Во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2019 година, Македонија на 6 октомври ќе ја пречека Србија, а потоа ќе гостува кај Гибралтар.