3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧави Каљехо е новиот тренер на Виљареал

Чави Каљехо е новиот тренер на Виљареал

Раководството на Виљареал реши Чави Каљехо да го наследи Фран Ескриба на тренерската позиција, кој го предводеше клубот на само шест натпревари. Ескриба доби отказ по поразот од Хетафе (4:0), кој е трет во шестиот натпревар од почетокот на сезоната за „жолтата подморница“.

Клубот во своето соопштение објави дека решението за тренер на првиот тим го нашол во сопствениот кадар. Каљехо беше тренер на Виљареал Б.

Каљехо е поранешен играч на Виљареал, кој по завршувањето на кариерата започнал да работи со младите категории на овој клуб. Чави Каљехо е член на генерацијата која има играно полуфинале во Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП