6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПенов ќе ја почне сезоната во дресот на МЗТ

Пенов ќе ја почне сезоната во дресот на МЗТ

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Игор Пенов (32 год., 202 см) ќе му биде на располагање на тренерот Александар Тодоров за почетокот на новата сезона откако официјално договори соработка со екипата на МЗТ Скопје Аеродром, објави клубот на својата официјална интернет-страница.

Пенов со МЗТ потпишал договор од отворен карактер, што значи дека може да замине доколку добие друга понуда од странство или од домашен клуб, секако во договор со управата на „металците“.

Искусниот крилен играч веќе извесен период тренира со „сино-белите“ и настапи на сите седум пријателски натпревари. За Пенов ова е враќање во таборот на МЗТ Скопје каде што претходно имаше две различни епизоди, и тоа во периодот помеѓу 2004 и 2006 година, односно 2010 и 2012 година.

Изминатите три сезони ги мина во дресот на Карпош Соколи, а уште има играно и за АМАК-СП, Вардар осигурување и Кожув. Летово, пак, дебитира за репрезентацијата на Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП