8 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООлимпијакос му врачи отказ на Бесник Хаси

Олимпијакос му врачи отказ на Бесник Хаси

Раководството на грчкиот шампион Олимпијакос го смени тренерот Бесник Хаси и на неговото место го врати Такис Лемонис.

Хаси, во Олимпијакос дојде пред три месеци токму на местото на Лемонис кој минатата сеона ја освои шампионската титула.

Хаси успеа со тимот да обезбеди пласман во фазата по групи во Лигата на шампионите, но во првенството резултатите се под реномето на тимот. По поразот од АЕК 2:3, Олимпијакос се наоѓа на четвртото место на табелата, со пет бодови помалку од лидерот на табелата АЕК.

На Лемонис ова ќе му биде четвртиот мандат на клупата на Олимпијакос, а досега има освоено пет титули во грчкото првенство (2001, 2002, 2007, 2008, 2017).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП