2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛига на Шампиони: Реал Мадрид гостува во Дортмунд

Лига на Шампиони: Реал Мадрид гостува во Дортмунд

Вечерва на осум стадиони во Европа ќе се одиграат натпреварите од второто коло во Лигата на шампионите, во групите Е, Ф, Г и Х. Дербито ќе се игра во Дортмунд каде ќе гостува европскиот првак Реал.

Борусија и Реал често се среќаваат изминатите сезони, а Дортмуд не е место на кое „кралскиот клуб“ сака да гостува. Имено, на последните шест гостувања во Дортмунд, Реал не успеал да победи (три порази и три нерешени).

Двата тима беа во иста група и минатата сезона, кога дуелите во Дортмунд и Мадрид завршија 2:2, а Борусија го освои првото место во групата.

Вечервашниот дуел ривалите го очекуваат во различно расположение, Борусија е лидер во Бундеслигата, додека Реал игра под своите можности. Покрај лошата форма во која се наоѓа неговиот тим, тренерот Зидан нема да може да смета и на услугите на повредените Марсело, Бензема, Ковачиќ и Ернандез. Во тимот на Дортмунд поради повреди ќе отсуствуваат капитенот Ројс и Ширле.

Во првото коло во оваа Х група, Реал рутински славеше над АПОЕЛ, додека Борусија загуби во Лондон од Тотенхем.

Вториот меч од оваа група ќе се игра во Никозија, каде АПОЕЛ ќе го пречека Тотенхем.

Лига шампиони, 2.коло:

Група Е: Севилја-Марибор, Спартак Москва-Ливерпул
Група Ф: Манчестер Сити-Шахтјор, Наполи-Феенорд
Група Г: Монако-Порто, Бешикташ-Лајпциг
Група Х: Борусија Дортмунд-Реал Мадрид, АПОЕЛ-Тотенхем. н.ц.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП