2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнчелоти: Верати сакаше финансиски подобар договор, не сакаше трансфер

Анчелоти: Верати сакаше финансиски подобар договор, не сакаше трансфер

Тренерот на минхенски Баерн, Карло Анчелоти, во пресрет на дуелот помеѓу ПСЖ и Баерн во Лигата на шампионите проговорил за Марко Верати, фудбалер чии квалитети ги цени и кого сакаше да го донесе во Реал кога го предводеше „Кралскиот клуб“, а потоа и во Баерн.

Карло Анчелоти го лансираше на големата сцена Марко Верати кога беше тренер на ПСЖ. Во 2012 година тој го донесе Верати од Пекара, која тогаш настапуваше во Серија Б.

Каиерата на младиот играч потоа започна да се движи по нагорна линија, тој стана насител на играта на екипата од Париз и стандарден репрезентативец. Интересно, тој е единствениот италијански репрезентативец кој никогаш не настапувал во најсилната лига на Италија, Серија А.

Во летниот преоден рок голем интерес за неговите услуги покажуваше Барселона, но Анчелоти тврди дека Верати никогаш немал намера да се пресели во Каталонија.

„Тој никогаш не сакаше да се пресели во Барселона. Целата приказна е измислена само за да може тој да добие нов, финансиски побогат договор. Го познавам добро. Не сакам такво однесување, некои играчи навистина сакаат да ги напуштат своите тимови, а некои интересот на другите тимови го користат за да извлечат подобар договор“, рекол Анчелоти.

Италијанецот по четири години се враќа на „Паркот на принцовите“. ПСЖ в среда ќе го пречека Баерн.

„Возбуден сум. ПСЖ сега е целосно поинаков тим од она што беше пред четири години кога јас заминав. Клубот напредуваше, имаат многу пари, но и повеќе искуство, станаа голем клуб. Среќен сум што се враќам во Париз каде ќе ги видам навивачите, но и некои познати лица како Тијаго Силва, Рабио, Мота, Верати, Пасторе, кои и понатаму играат за ПСЖ“, заклучил Анчелоти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП