20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКонте: Нема да го продолжам договорот, ми недостига Италија

Конте: Нема да го продолжам договорот, ми недостига Италија

Антонио Конте во својата прва сезона успеа да ја врати шампионската титула на „Стенфорд бриџ“, со својот темперамент ги освои срцата на армијата навивачи на Челси, но и покрај тоа беше блиску до заминување од тимот.

Конте има несогласувања со челниците на Челси и сопственикот Роман Абрамовиќ околу трансфер-политиката. Италијанецот во Челси го нема она што го имаат Венгер во Арсенал, Мурињо во Јунајтед, Гвардиола во Сити, Клоп во Ливерпул, да одлучува околу клупските трансфери.

Поради тоа тој беше блиску до заминување, но подоцна, сепак, го продолжи договорот до 2019 година.

Како што сега стојат работите, не планира по истекот на договорот да остане во Челси.

„Кина? Нема шанси. Бундеслига? Тешко е да се зборува на оваа тема. Многу ми недостига Италија и тоа не го кријам. Убаво е да се стекне поинакво искуство (друга земја, поинакво првенство), но јас сакам повторно да работам во Италија“, рекол Конте, кој ова лето беше цел на Интер.

„Никогаш немав намера предолго да останам во странство. Како тренер никогаш не можеш да знаеш каде ќе завршиш, но јас знам. На крајот на краиштата сакам во Италија да работам и како спортски директор“, дополнил Конте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП