2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШтербик го предводи тимот на колото (видео)

Штербик го предводи тимот на колото (видео)

Голманот на Вардар Арпад Штербик го предводи идеалниот тим на второто коло во ракометната Лига на шампиони.

Штербик, во саботата, беше клучниот играч во победата на Вардар над Нант 27:23 (14:10). Вардаровиот голман натпреварот го заврши со 13 интервнеции.

Покрај Штербик во тимот на колото се најдоа и левото крило на Барселона Валеро Ривера, левиот бек на Кјлеце Карел Бјелицки, средниот и десниот бек на Веспрем Мате Лекаи и Ласло Наѓ, десното крило на Горење Матијаж Брумен и пивотот на Скјерн Бјарте Мирхол.

Најдобрите седум на второто коло погледнете ги на следниот линк.

Вардар во наредното коло ќе го пречека ППД Загреб на 1.октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП