
ПСЖ објави дека го обновиле договорот со главниот спонзор на дресовите „Fly Emirates“. Авиокомпанијата ќе биде дел од клубот уште пет сезони. За овој период „светците“ ќе добијат сигурни 100 милиони евра, што е еквивалентно на 20 милиони годишно, а во зависност од успесите на тимот, оваа сума може да се зголеми. Двете страни работат заедно веќе осум години, а до овој момент клубот добиваше пет милиони помалку од сезона.

